Регион
Будва планира да воведе казна од 600 евра за шетање во костим за капење

По примерот на неколку хрватски приморски градови и Будва планира да воведе казни за туристите кои ќе шетаат по градот во костими за капење. Казна од 500 евра е планирана за прошетка без маица, за прошетка во костим за капење казната ќе биде 600 евра, а за јадење и пиење на јавна површина дури 700 евра, пишува „Вечерње новости“.
Засега одлуката за казните не е стапена на сила, а за нејзино конечно носење ќе бидат вклучени и жителите на Будва.
„Нацртот и идејата се изработени по примерот на комуналниот ред кој го донесе Хвар, а се однесува на начинот на облекување, почитување на приватноста, културните знаменитости, еколошките стандарди, хигиената и сè друго“, изјавил за „Новости“ Драган Иванчевиќ, претседател на Одборот за угостителство и туризам при Стопанската комора на Црна Гора.
Неопходно е, додал тој, секој град, особено ако е туристички, да има прецизна одлука за комуналниот ред затоа што од голема важност е да се заштитат жителите како и оние кои доаѓаат да се одморат.
Освен во Хвар, правила за однесување имаат донесено и Дубровник и Сплит. Во овие хрватски градови за шетање во костим за капење се плаќа казна од 800 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.