Регион
Вакцините во Србија ќе стигнат до крајот на годината, граѓаните ќе може да изберат со која ќе се вакцинираат
Првaта количина на вакцината против Ковид-19, во Србија ќе пристигне до крајот на годината, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека ќе пристигнат две, а можеби и три вакцини.
Кога точно ќе започне вакцинацијата, дали веднаш на почетокот на идната година, ќе зависи од експертите и нивните проценки, рече Вучиќ и додаде дека може да се случи веќе во јануари.
„ Ќе имаме две вакцини, а јас се надевам и три“ изјави Вучиќ и додаде дека тоа ќе покаже дека Србија е меѓу земјите кои најдобро се однесувале за време на пандемијата.
Според него, вакцините на „Фајзер“ се веќе нарачани, а Србија ќе биде меѓу ретките земји што ќе ги примат тие вакцини до крајот на годината.
„ Ќе видиме како ќе тече работата. Веруваме дека голем дел од вакцините ќе пристигнат во јануари и февруари. Ќе има околу 340.000 вакцини, што е за 170.000 луѓе”, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека руската вакцина сега се тестира во Србија, а како што додаде, се чека регистрација на вакцината во Кина.
Вучиќ рече дека има разговори со компанијата „Модерна“, која може да ја испорача вакцината дури на крајот на следната година, и дека ќе разговараат и со компанијата „Џонсон и Џонсон“.
„ Ќе се обидеме да им ги понудиме на луѓето во Србија сите видови вакцини, па нека изберат, што мислам дека е фер. Мислам дека секоја вакцина е добра”, рече Вучиќ.
На прашањето за бројот на ново заразени лица, односно за падот на бројот на нови пациенти, Вучиќ рече дека денес во 10 часот бројот е подобар отколку истиот ден минатата недела.
„ Но, нашите болници се полни. 9.400 луѓе се хоспитализирани”, рече Вучиќ, додавајќи дека не верува дека ќе има голем прилив на српски граѓани за време на празниците, бидејќи многумина се свесни дека во тек е пандемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.
Регион
Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба
Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна состојба, поврзан на респиратор, потврди неговата канцеларија, колегите и лекарите.
Пулмологот Спасоје Попевиќ им изјави на новинарите дека состојбата на министерот Дачиќ е „многу тешка“ и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија – со тој респиратор, што е метод на лекување – купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија и борба за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.
Дачиќ беше хоспитализиран вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија, а Попевиќ се воздржа од прогнози.
„Прерано е за тоа, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори за тоа како да продолжиме“, рече Попевиќ.

