Регион
Вартоломеј и Јеронимос на средби со државниот врв за барањето на МПЦ
Статусот на МПЦ една од главните теми на средбите кои вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги оствари со поглаварот на Грчката православна црква, Јеронимос, претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, и премиерот Алексис Ципрас. Според грчките медиуми, на средбите било констатирано дека Вселенската патријаршија е задоволна од текот на преговорите со македонската црква.
Грчката ТВ ЕРТ пренесувајќи и дел од средбите и изјавите наведува дека „Патријаршијата го изразила задоволството од развојот на односите со црквата на ПЈРМ и дека изразува исто така задоволство околу барањето таа да влезе во семејството на останатите православни цркви под името Охридска архиепископија според сите канонски правила“.
На средбата со Вартоломеј, Павлопулос рекол дека ја поддржуваат патријаршијата во сите чекори кои ќе ги преземе. „Ја поздравуваме и поддржуваме работата на Патријаршијата. Тука сме да да дадеме поддршка и за вашите иницијативи за одржлив развој и заштита на животната средина, како и за прашањата поврзани со црквата на ПЈРМ и автокефалноста на црквата во Украина“, изјави грчкиот претседател Павлопулос.
По средбата се огласи и премиерот Ципрас. „По средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј ги поздравува(м) напорите на Патријаршијата за позитивно решавање на црковниот спор и разликите меѓу Грција и ПЈРМ“, порача грчкиот премиер.
Средбите на вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“. Премиерот Зоран Заев минатата недела испрати писмо до Вселенската патријаршија со кое побарал помош околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

