Регион
(Видео) Атина под опсада на полицијата, фрлен солзавец
Грчката престолнина е опкружена од силни полициски сили.
Причината е пресудата против неонацистичката група Златна зора, која атинскиот суд ја прогласи за криминална.
Η ώρα που η αστυνομία αποφασίζει να διαλύσει την πορεία. Χωρίς λόγο. pic.twitter.com/9tkY0T9Cfe
— Jaquou Utopie (@Jaquoutopie) October 7, 2020
Златна зора беше третата најсилна партија во грчкиот парламент за време на грчката должничка криза.
Од раните утрински часови полицијата е распоредена на улиците околу атинскиот суд, каде што беше донесена одлука лидерите на таа крајно десничарска организација да бидат прогласени за виновни за водење криминална група.
Massive protest outside the Court of Appeals in Athens where the Golden Dawn trial verdict is expected today.#GDtrial #Greece pic.twitter.com/wrys2GeSvt
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) October 7, 2020
Со денешната пресуда заврши петгодишното судење. Пресудата утврди дека седум поранешни пратеници, вклучително и лидерот на партијата, Никос Мичалолакос, се виновни за водење криминална организација, додека другите се виновни за учество во криминална организација.
АП јавува дека пред судот е одржан антифашистички митинг, на кој присуствувале околу 15.000 луѓе. Сепак, на улиците имало и приврзаници на Златна зора и дошло до помали судири со полицијата, кон која група граѓани фрлале камења. АФП објави дека е фрлен солзавец и дека се користат водени топови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

