Регион
(Видео) Босанско село им забрани влез на политичарите пред изборите

Село во Босна и Херцеговина забрани влез на политичари пред изборите. Тие поставија транспаренти со кои им упатија јасна порака на политичарите.
Les candidats sont prévenus : ils sont interdits de campagne à Podgora en Bosnie. "Vous nous mentez depuis des années. Aucun parti n'est bienvenu à Podgora", annonce une banderole #AFP pic.twitter.com/oLy8r0MEn2
— Agence France-Presse (@afpfr) October 3, 2018
„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, пишува на транспарентите, кои се постравени на плоштадот во селото Подгора во Босна и Херцеговина. Ваквото барање доаѓа во пресрет на општите избори во државата што треба да се одржат в недела.
Селото со 700 жители се наоѓа недалеку од Сараево и го отсликува општото незадоволство од политичарите. Во земјата, помалку од 20 проценти од граѓаните имаат доверба во нив, според едно од последните истражувања на Друштвото на новинари на БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.