Регион
(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација и се договораа мерките што Србија ќе ги преземе, а за кои Вучиќ нагласи дека ќе бидат економски и политички, но пред сè економски.
View this post on Instagram
Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница да ја разубеди Приштина, така што Србија нема да мора да спроведе никакви мерки. Вучиќ им порача на Србите од Косово и Метохија, да не станат жртви на провокациите на Приштина.
Тој рече дека вчера добил предлог од ЕУ за решавање на ситуацијата на премините Јариње и Брњак, но дека тој предлог го одбил.
„Го одбив предлогот зошто тоа не е компромис и ја уназадува Србија. Донесовме заклучоци, Србија ќе продолжи да инсистира на зачувување на мирот и целосната безбедност за Србите во Косово и Метохија. Изјавите во кои тие не изедначуваат и велат дека двете земји се виновни се несоодветни”, рече тој.
Вучиќ истакна дека проблемот ќе се реши некако, но не со понижувачки предлози кон Србија.
Запрашан да ја коментира изјавата на вицепремиерот на Косово, Бесник Бесљими, кој рече дека Приштина нема да формира Унија на српски општини се додека се смета дека е штетна за институциите и територијалниот интегритет на Косово. Вучиќ рече дека Бесљими е клучен човек заедно со Курти.
Тој ја праша ЕУ дали воопшто постои бриселскиот договор.
„Само чекам да го слушнам тоа од ЕУ, бидејќи тие се гаранти на бриселскиот договор. И ние го испративме тоа прашање до ЕУ, зошто да дојдеме во Брисел ако не можете да гарантирате и ако тој договор не може да се спроведе“, додаде Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

