Регион
(Видео) Вучиќ објави дека снимката на која жестоко кашла е лажна вест
Откако американска лекарка стручњак за ебола сподели монтирана снимка од претседателот на Србија како се гуши од жестоко кашлање при прес-конференција, реагираше и самиот Вучиќ.
WATCH: The Serbian president coughs uncontrollably as a journalist asks him a question about #coronavirus.?#COVID19 #CoronavirusPandemic pic.twitter.com/s4VVbkf5Ud
— Dr. Dena Grayson (@DrDenaGrayson) March 12, 2020
Како што објасни тој, во медиумите се проширила снимка од конференцијата за медиуми, што се одржа во зградата на Претседателството, по состанокот за состојбата со коронавирусот во Србија.
Сепак, тоа е монтирана снимка која покажува како српскиот претседател се гуши од кашлање и во неколку наврати вади шамивче, иако во реалноста тој момент траел многу пократко и се случил додека тој одговарал на прашања од новинарите за коронавирусот.
За да го предочи во јавноста лошото влијание на лажните вести, српскиот претседател објави и оригинално видео од таа ситуација.
After noticing altered videos on social media, I want to remind everyone of the dangers of spreading fake information as the whole world deals with #COVID19. In times like these, ensuring factual information online is critical to everyone’s safety. @DrDenaGrayson pic.twitter.com/Y7fxyF9xse
— Александар Вучић (@predsednikrs) March 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

