Регион
(Видео) Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина
Александар Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина.
Како што пренесува РТС, тој на насобраните им рекол дека е свесен за тежината на моментот во кој се нашле.
На студентите им порача „книги, а не знамиња“ и ги покани да разговараат, како и да кажат кое од барањата не е исполнето за да се исполни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ одржа контрамитинг, се пофали со „реки луѓе“: „За малку ќе заплачев“
Во Јагодина вечерва се одржа митинг по повод основањето на Движењето за народот и државата, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е трогнат од бројот на луѓе кои се собрале да ја изразат својата желба да ја заштитат и зачуваат Србија, пренесува Анадолија. Ова е собирот на Вучиќ кој го одржува за да се спротивстави на протестите и штрајкот предводени од студентите.
Насобраните извикуваа пароли „Ацо, Србине“ и „Не се откажуваме од Србија“, а Вучиќ им се заблагодари на сите што пристигнаа во Јагодина.
„За малку ќе заплачев кога видов толку многу луѓе кои сакаат да ја бранат Србија. Нашиот народ знае, Србија знае како е нападната денес и од надвор и од внатре. Народот знае кога е време да ги поддржи оние кои се бореле за Србија. Тие го притискаат нашиот народ во Косово, се обидуваат да ги протераат Србите“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека, според него, оние кои ја ограбиле Србија сега сакаат да ги користат децата за да ја вратат власта.
„Прекрасно е да се биде претседател на Србија. Нема ништо поубаво на светот“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека на основците и средношколците место им е во училиштата. Тој ги повика студентите на дијалог, барајќи од нив јасно да кажат што не е исполнето за да се остварат нивните барања.
„Ве молиме дојдете и кажете ни кое од четирите барања што ги поставивте не е исполнето“, рече тој.
Вучиќ во своето обраќање истакна дека додека е претседател на Србија нема да воведува санкции кон Русија или други пријателски земји. Тој нагласи дека го разбира незадоволството поради објективни проблеми, но вети поддршка за нивно решавање.
View this post on Instagram
Говорејќи за плановите, тој ја истакна важноста од завршување на проектот Експо и привлекување нови инвеститори.
„За тоа ни треба нова енергија, а не враќање во минатото“, нагласи тој.
Вучиќ заклучи дека власта никогаш повеќе нема да се стекне преку улиците во Србија. „Народот сака да оди напред, народот сака иднина“, рече тој.
Вучиќ на својот Инстаграм за време на митингот се пофали со „реките луѓе“ кои „допрва доаѓаат“. „Благодарам Јагодино. Благодарам Србија“, напиша тој покрај видеото снимено од воздух.
View this post on Instagram
Регион
Студент: Го блокиравме автобусот што одеше на собирот на Вучиќ, не растераа 60 полицајци
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, ги повикаа српските граѓани денеска да излезат на генерален штрајк.
Студентот Вељко Вучетиќ изјави дека толпата запрела автобус кој требало да оди на митинг организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС во Јагодина.
„Не го запревме сообраќајот, туку еден автобус, стоевме таму 45 минути, дојде бригада со 60 полицајци и не растера под изговор дека го блокираат сообраќајот“, изјави студентот за Н1 Србија.
Тој додаде дека остануваат во Автокоманда „додека повторно не бидат растерани“.
„Ние стоиме овде без намера да си заминеме. Можам да им се заблагодарам на сите луѓе, студенти, граѓани, што го почитуваа генералниот штрајк, стојат покрај сите нас и постојано не поддржуваат“, кажа студентот.
Регион
Нови случаи на африканска свинска чума во БиХ
Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство во БиХ извести за појава на африканска свинска чума во Босна и Херцеговина.
Како што се наведува во соопштението на Министерството, БиХ вчера преку системот за известување за болести на Европската комисија пријавила појава на африканска свинска чума кај чуваните свињи во општина Бјелина во Република Српска.
Во текот на 2025 година во БиХ се забележани три избивања на африканска свинска чума кај домашните свињи и два случаи кај дивите свињи, додека во Република Србија има повеќекратни појави на болеста кај домашните и дивите свињи.
Министерството ги повика сите субјекти, односно одгледувачите на свињи, да продолжат да се придржуваат до мерките за биосигурност и континуирано да се стремат првенствено да ги заштитат своите фарми од внесување на вирусот, а со тоа да го спречат неговото потенцијално натамошно ширење на други фарми.