Регион
(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми
Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник.
Повредени се учителка и шест деца, како и напаѓачот. Хрватската министерка за здравство извести дека едно дете починало. Според „Индекс“, наставничката е тешко повредена.
Полицијата и итната помош се на терен. Хеликоптерот на итната помош слетал и ги однел повредените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Наставничката од Загреб била избодена неколкупати во градниот кош и е оперирана
Напад во основното училиште во загрепската населба Пречко, во кој загина едно дете, а неколку се повредени, како и наставничка, утринава извршил 19-годишник, кој бил уапсен 10 минути подоцна кога полицијата го спречила од самоубиство.
Како што рече министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, наставничката има 50 години и, според нејзините информации, животот не ѝ е во животна опасност.
Докторот од болницата „Свети дух“ во интервју за ХРТ вели дека била примена со тешки физички повреди, односно со голем број убоди во пределот на градниот кош. По укажаната прва помош, била однесена на операција.
Таа беше оперирана по што нејзината состојба се стабилизира и лекарот очекува дека постоперативниот тек ќе биде добар.
„Во моментот таа е стабилизирана, но нејзиниот живот сè уште е во опасност“, додаде тој.
Открил и дека напаѓачот има неколку расеченици на телото, но е стабилен и животот не му е во опасност.
Регион
Мајката на напаѓачот: Тој е нестабилен, беше на лекување, а докторот мртов ладен ни го пушти ние да се грижиме за него
Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син.
„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да биде надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози. Докторот ладнокрвно го пушти да се грижиме за него“, изјави за „24 часа“ мајката на осомничениот за трагичниот напад.
Млад човек (19) денеска утрово упадна во училиштето и ги нападна децата и наставничката.
Едно дете почина, а седум, меѓу кои наставничка и шест ученици, се повредени.
Регион
Утрешниот ден прогласен за ден на жалост во Загреб
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, го прогласи утрешниот ден за ден на жалост на подрачјето на градот поради трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште „Пречко“, соопштија од Градот.
Денот на жалост ќе биде одбележан со спуштање на знамињата на половина копје и истакнување црни знамиња.
На денот на жалост нема да има забава, а музиката што ќе се пушта на јавни места треба да биде соодветна за тој повод. Правните лица што вршат телевизиска и радиодејност на подрачјето на градот Загреб треба да ги приспособат своите програми за одбележување на денот на жалост, соопштија од Градот.