Регион
(Видео) Едно од децата убиени во училиштето во Белград било голема музичка надеж
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/8e7c3b2355f5d968acc8.jpg)
Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни музички натпревари, како и специјална награда за изведбата на етидата на Бургмилер во Д-дур во 2019 година.
Освен што имал голем музички талент, бил и брилијантен ученик со одлични резултати по сите предмети. Покрај музиката, сакал математика и тренирал тенис.
Андрија Чикиќ е една од жртвите на нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Имаше 14 години и голем музички талент. На пијано свири од својата шеста година, а победи на музичкиот натпревар Деца на композиторите, пишува „Вечерњи“.
На Фејсбук страницата на училиштето беше објавено и видео од Андрија како свири на пијано,
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/grom-na-Rodos.jpg)
Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати од силните ветрови на два други острови.
Повеќе од 32 пожарникари со помош на 13 противпожарни возила, едно летало и два хеликоптери се обидуваат да го изгаснат пламенот што го проголтува шумското земјиште на два фронта на островот во северното Егејско Море на 306 километри северно од Атина, соопшти противпожарната бригада.
Шумските пожари станаа почести и деструктивни во Грција во последните години поради климатските промени, а грчката служба за цивилна заштита предупреди на понестабилно време во среда и четврток, наведувајќи дека се очекуваат невреме со голема фреквенција на грмежи и град.
Регион
На Фејсбук е објавено лажно видео од премиерот Вучевиќ, реагираат надлежните органи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/fgd.jpg)
На социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен видео клип, или непостоечка изјава на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Како што беше најавено, вештачката интелигенција креирала непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ на сметката „Corvus01“ во која е злоупотребена неговата слика, додека со генериран глас се објавуваат податоци за непостоечки владини проекти.
Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, контактирале со компанијата Мета за да ги отстранат споменатите објави и да дадат информации за администраторот на сметката.
Регион
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за формирање нова коалициска влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bugarski-parlament.jpg)
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми во последните три години.
Партијата ГЕРБ, која заврши на првото место на изборите во јуни, има 68 пратеници во Националното собрание со вкупно 240 места и затоа мораше да се обиде да создаде коалиција за составот на новиот кабинет.
Таа го избра Росен Жељазков, актуелниот претседател на парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по големите антикорупциски протести.
Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка.
Претседателот на државата следниот мандат за формирање влада сега ќе го предаде на второто место на изборите – партијата МРФ.
Аналитичарите прогнозираат дека по неуспехот на првото гласање ќе биде тешко да се формира одржлива коалиција во овој парламент и дека најверојатната опција е одржување нови избори, кои само ќе ја продлабочат политичката криза во најсиромашната земја-членка на ЕУ.