Регион
(Видео) Илјадници луѓе во Будимпешта маршираат против законите на Орбан
Во Будимпешта денес се одржуваат анти-владини демонстрации, на кои се собрани илјадници демонстранти под слоганот „Национален протест против робовладетелскиот закон“, јавува агенцијата „Танјуг“.
Протестите, организирани преку социјлната мрежа „Фејсбук“ имаат поддршка и од членовите на опозициските партии, синдикатите и невладините организации, информира унгарската агенција МТИ.
Many thousands of anti-Orban demonstrators filling the square right now in front of Hungary’s parliament. Demand free courts, free media and repeal of the ‘slave law.’ pic.twitter.com/etyZwdKQR7
— Griff Witte (@griffwitte) January 5, 2019
Демонстрантите се собрале на Плоштадот на хероите, извикувајќи „Нема да бидеме робови“ и „Фидес мафија“.
Од Фидес, владејачката партија на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, тврдат дека овие настани се дел од предизборната кампања за Европскиот парламент, а во режија на американскиот милијардер, Џорџ Сорос.
„Сорос сака да ги зајакне проимиграциските сили и да ги мобилизира партиите и организациите против владата која се спротивставува на имиграцијата“, изјави за новинарите портпаролот на владата, Валаж Хидвег.
Протестите започнаа на Плоштадот на хероите во унгарската престолнина, по што учесниците се упатија кон зградата на парламентот.
На плоштадот кај унгарскиот парламент, најавено е дека ќе се обратат 15 говорници.
Со новиот закон, кои критичарите го нарекуваат робовладетелски, на работодавците им е дозволено од работниците да бараат и до 400 часа прекувремена работа во текот на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Регион
Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка
Во Злот денеска починала Светлана Драгичевиќ, мајката на Дејан Драгичевиќ ненадејно починала, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс.
Светлана во април го погреба својот син Далибор, кој беше осомничен дека го криел телото на малата Данка, а почина во полицијата на Бор на распит, поради што Секторот за внатрешна контрола (СУК) го истражува случајот.
Светлана даде изјава дека не знае ништо за убиството на малата Данка и доби статус на привилегиран сведок.
Дејан Драгичевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, по што ја внеле во автомобил и се упатиле на непозната локација. Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.
Тие се во притвор, како и таткото на Д.Д., кој е осомничен дека помогнал да се премести телото на девојчето од една на друга локација.
Обвинителството претходно соопшти дека Дејан Драгичевиќ го признал делото, додека Јанковиќ се бранел молчејќи.
Регион
Српските медиуми: Вучиќ и Орбан планираат посета на премиерот на Словачка кој денес беше застрелан
Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во следните денови ќе го посетат словачкиот премиер Роберт Фицо, кон којшто денес беше пукано, дознава „Еуроњуз Србија“, а веста ја пренесоа и неколку други српски медиуми.
Вучиќ денеска веднаш по објавувањето на веста реагираше на социјалната мрежа „Икс“.
„Шокиран сум од атентатот на Роберт Фицо, голем пријател на Србија и мој лично. Драг пријателе, се молам за тебе и за твоето здравје“, напиша Вучиќ.
Премиерот Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Напаѓачот е уапсен на лице место.