Регион
(Видео) Мигранти од БиХ пробија кордон кај хрватската граница, во немирите повредено дете
Повеќе од стотина мигранти кои од БиХ сакаат да влезат во Хрватска на граничниот премин Маљевац денеска се пробиле низ првиот кордон поставен од граничната полиција на БиХ.
Тие стигнале до вториот полициски кордон. Како што пренесоа локалните медиуми, меѓу мигрантите и полицајците има и повредени, а едно дете завршило во болница.
Ситуацијата беше многу напната бидејќи мигрантите од минута во минута го губеа трпението, пренесе Аваз.ба.
Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека мигрантите на граничниот премин Маљевац ја каменувале хрватската полиција, која не била многу далеку од нив.
Полициски хеликоптер за време на немирите ја прелетувал границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.
Velika Kladuša: Migranti probili policijski kordon i stigli na most koji vodi ka Hrvatskoj https://t.co/KYtY7I14tN #migranti #BiH #VelikaKladuša #Hrvatska pic.twitter.com/MrU9IJ7RmG
— ANADOLU AGENCY (BHS) (@aa_balkans) October 24, 2018
Според информациите, повеќе од 100 мигранти ја минале ноќта во близина на граничниот премин Маљевац чекајќи да влезат во Хрватска.
Истовремено, на железничката станица во Бихаќ полицијата блокирала воз што стигнал од Сараево и не им дозволила на патниците да излезат бидејќи повеќето меѓу нив биле мигранти.
Во Бихаќ и околината има речиси 10 000 мигранти кои сакаат да влезат во Хрватска, па од таму да заминат во земјите на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.