Регион
(Видео) Навалица во Белград, огромен број луѓе чекаат за тестирање на коронавирус

Огромни редици за тестирање на коронавирус беа забележани пред институтот „Торлак“, за што сведочат и видеата што се шират на социјалните мрежи.
Редовите се долги неколку стотици метри, пишува „Блиц“.
Nisam iz Beograda ali nadjoh na netu jutrošnji red za testiranje na Torlaku. pic.twitter.com/SYMe7h3inR
— Slobodan Laza Mišković (@lazalaki969) July 15, 2020
Епидемиолошката состојба во Србија со денови е критична и бележи драматичен скок на бројот на новозаболени, а вчера е евидентиран најголем број лица на респиратори од почетокот на епидемијата, дури 170.
Torlak, 15.07.20. Red za testiranje #torlak #beograd #srbija #korona #corona #covid19 #COVID19 pic.twitter.com/1BTcxbF5VL
— the_muffin_man (@themuff21868006) July 15, 2020
Уште во раните утрински часови е формирана колона на луѓе пред институтот и сите стојат и чекаат да дојдат на ред за тестирање.
Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 8.659 лица за коронавирусот, 344 од нив биле позитивни, а 13 лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пукање во Сплит: напаѓач влетал во банка и зел работник како заложник

Слободна Далмација пренесува дека денеска нешто пред 12 часот во Сплит се случил обид за грабеж во банка спроти зградата на Општинскиот суд.
Очевидци пријавиле дека разбојникот наводно го зел како заложник обезбедувачот и се обидел да побегне, но полицијата брзо пристигнала на местото на нападот и дошло до престрелка.
Млад човек загинал во вкрстен оган со полицијата, а според првите информации на тамошните медиуми, младиот човек пукал во полицајка, која возвратила по обидот да ограби банка.
Првите информации велат дека разбојникот е убиен, но се уште нема официјална потврда на оваа информација од сплитската полиција.
Според написите на местото на обидот за грабеж на банката први пристигнале две полицајки и дека разбојникот почнал да пука.
Тие се обиделе да го предупредат пукајќи од службените пиштоли во воздух, но тој не обрнал внимание, па пукале и го убиле.
„Го напуштив теренот и наеднаш слушнав викање и истрели. Бев страшно исплашен, не знаев што се случува, па истрчав да се сокријам“, изјави еден од сведоците.
Полицијата го опколи поширокото место на злосторството, а сообраќајот во една од главните улици во центарот на Сплит, беше блокиран од 12:30 часот.
Зградата на банката е оддалечена само 10 метри од општинските и окружните судови и околу 30 метри од зградата на Сплитско-Далматинската полиција.
Полицијата најави дека наскоро ќе објави информација за настанот.
Според очевидци, разбојникот наводно зел како заложник еден обезбедувач и се обидел да побегне, но полицијата пристигнала многу брзо и дошло до престрелка, пишува „Слободна Далмација“.
Регион
Поплави во БиХ: во некои делови прогласена вонредна состојба

Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.
Поради дождот, кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите.
Во градот се поплавени и многубројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства.
Поради покачување на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во месноста Лакташ.
Поради наглото покачување на водостојот на Сава и нејзините притоки, која се излеа во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба.
Во некои училишта во областа Градишка денеска е откажана наставата.
Поради надојување на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ мака мачат со поројните дождови, а наставата во училиштата е прекината.
Во Босанска Крупа се излеаја реката Крушница и неколку потоци, а поплавени се земјоделски површини и помошни објекти.
Регион
Ученик им се заканувал со огнено оружје на своите врсници на група на „Вибер“ во Црна Гора

Црногорската полиција идентификува ученик од Тиват, кој во групна порака на „Вибер“ со огнено оружје им се заканувал на своите врсници од Гимназијата за ликовна уметност во Цетиње.
Во пријавата било наведено дека еден од учениците на училиштето наводно во порака во група на „Вибер“ упатил закани со огнено оружје кон учениците од ова училиште.
Постапувајќи по пријавата, полицијата го идентификувала ученикот што ја упатил заканата, со место на живеење во Тиват, се наведува во полициското соопштение и се додава дека за настанот тиватската полиција го известила дежурниот обвинител по што од овој ученик, кој наставата во Цетиње ја следи вонредно, биле подигнати информации за околностите на инцидентот.
Во тек е кривична постапка во врска со утврдувањето на наводите од пријавата и прибирањето информации од студентите и наставниот кадар.