Регион
(Видео) Нападната екипата на „Ал Џезира“ во Белград: „Што снимаш ти, мајмуне?
Меѓу 19 повредени во синоќешните протести во Белград има и новинари и сниматели, а меѓу нападнатите е и екипата на балканската „Ал Џезира“.
Непознат маж и се приближи на новинарската екипа говорејќи „Бегајте со таа камера“, а друг дрско праша „Што снимаш ти мајмуне?“, по што го нападна снимателот.
Ал Џезира објави дека на демонстрациите се нападнати репортерката Наталија Лучиќ и снимателот Тарек Ани.
На среќа тие поминале без повреди, но новната опрема е уништена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка
Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во Србија кај Нови Сад.
Според објавеното од тамошните медиуми, бебињата беа тешко повредени во судир на два автомобили на патот Нови Сад-Зрењанин, и беа пренесени во Детската болница во Нови Сад, но поради тежината на повредите починале.
Српската РТС јавува дека во несреќата се повредени и двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години, и сите биле пренесени во болница. До несреќата наводно дошло кога возачот на едниот од автомобилите од засега непознати причини преминал на спротивната лента каде директно се судрил со другиот автомобил.
Регион
Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното
Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била за 23,11 тони потешка од првично проектираната, се вели во извештајот на вештачењето, пренесува Н1 Србија.
Имено, Техничкиот факултет во Нови Сад – отсек за градежништво и геодезија, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, изврши вештачење на зградата на Железничката станица во Нови Сад, со цел да се утврди причина за уривање на настрешницата.
Според мислењето на вештото лице, меѓу другото се наведува дека „конструкцијата на настрешницата во моментот непосредно пред кршењето била оптоварена со оптоварување што е поголемо од првично проектираното за околу 107 кг/м2, т.е. за околу 23,11 тони“, пишува Н1 Србија.
Стручниот тим на експерти во извештајот наведува и дека „тие сметаат дека визуелните индикации за такво нешто мора да биле забележливи во деновите пред уривањето на настрешницата“.
„Клучниот конструктивен елемент за обезбедување на носивоста и стабилноста на настрешницата, бил во состојба на намалена носивост и зголемено оптоварување во моментот на уривањето“, наведуваат од Факултетот во заклучоците на пресметковна анализа.
„Намалената носивост ја потврдија резултатите од лабораториските испитувања на Институтот ИМС, според кои, во моментот непосредно пред уривањето, околу 40 отсто од жиците во затегнувачите биле во дефект. Причината за ваквата состојба била корозија која настанала на спојот на затегнувачот и кровниот носач. Овој дефект можел да се утврди со увид на конструкцијата при контролни проверки пропишани како дел од редовното одржување на објектот“, се наведува во заклучокот.
Регион
(Видео) Пожар на главната железничка станица во Софија: најмалку 4 лица загинаа,
Најмалку четири лица го загубија животот во пожар што рано утринава избувна во вагон на Главната железничка станица во Софија. Пожарот бил пријавен во 2 часот и 35 минути, поради што на лице место се испратени две противпожарни единици со вкупно 14 пожарникари, објави Новините.
Според директорот на софиската противпожарна служба, вишиот комесар Веселин Гетов, пожарот најверојатно настанал поради невнимание со отворен пламен во последниот вагон на возот.
„По гаснењето на пожарот, најдовме четири мртви лица во возот“, потврди тој.
Првичните сознанија укажуваат дека пожарот го предизвикале бездомници кои во текот на ноќта влегле во вагонот.
Очевидци од областа потврдуваат присуство на бездомници кои често ја користат станицата и нејзините возови за да се засолнат.
Пожарот избувнал во еден од вагоните на возот кој требало да оди кон Петрич во 7 часот и 30 минути.
Покрај загинатите, тешко повредени се и двајца мажи кои се пренесени во Универзитетската болница Пирогов.
Двајцата на возраст од 35 и 65 години се на одделението за токсикологија и се во критична состојба поради вдишување чад.