Регион
(Видео) Нереди на улиците во Атина: „молотови коктели“ кон полицајците, еден тешко повреден
Грчки полицаец бил сериозно повреден вечерва за време на судир со демонстранти во Атина, кои излегле на улиците во знак на протест против полициското насилство.
Конфликтот се случил во атинската населба Неа Смирни, а полицаецот бил погоден во вратот со факел или камен поради што неговите колеги формирале круг околу него за да го заштитат додека не пристигне брзата помош и го однеле во болница, објави весникот „Катимерини“.
#Athens #Greece
Citizens attack police in #NeaSmyrni – or was it vice versa?▪️According to the Greek police: “at 1450 hrs today a DIAS (motorcycle patrol) team went to #NeaSmyrni square, in order to perform checks for Covid19 & where attacked by people pic.twitter.com/CUZQU1M52T
— ? Sarwar ? (@ferozwala) March 9, 2021
Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите со качулки фрлале „молотови коктели“ кон полицијата, која одговорила со солзавец.
Во близина на местото на судирот полицијата пронашла ранец полн со „молотови коктели“ и факли.
Неколку паркирани автомобили се оштетени, а на снимките на социјалните мрежи може да се видат и повеќе запалени контејнери.
Претходно, околу 5.000 луѓе се собраа на главниот плоштад во областа Неа Смирни, каде што и изминатиов викенд имаше пресметка со полицијата.
Жителите на Атина излегоа на улиците во знак на протест против инцидент што се случи во неделата, а за кој се појави и снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како полицаец со палка безмилосно тепа момче.
Полицијата соопшти дека испратиле патрола со мотоцикли на плоштадот Неа Смирни за да проверат дали се почитуваат мерките за контрола на коронавирусот додавајќи дека добиле голем број извештаи за непочитување на тоа место.
Државното обвинителство во меѓувреме нареди истрага за да се испита дали има основа за поднесување кривична пријава против полицајците за употреба на прекумерна сила, а и полицијата соопшти дека почнала внатрешна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.

