Регион
(Видео) Нов потрес кај Петриња, земјата се тресела десетина секунди

Нов земјотрес ја погоди Хрватска, а според тамошните медиуми, тој траел повеќе од 10 секунди.
„Прилично силен земјотрес во 18:01 часот ја потресе областа на централна Хрватска“, пренесува Јутарњи.
ЕМСЦ најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, но последователно објави дека јачината сепак е 5,0 степени.
Според првите податоци, епицентарот бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа на Петриња.
M5.0 #earthquake (#potres) strikes 49 km SE of Zagreb – Centar (#Croatia) 15 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/5dyRICKXhp
— EMSC (@LastQuake) January 6, 2021
Читателите на „Индекс“ известуваат дека потресот се почувствувал и дека долго траел и во Загреб, Вараждин, Славонски Брод… Тој се почувствувал и во дел од околните земји, известуваат од БиХ.
Сеизмологот Крешимир Кук потврди дека во 18:01 часот сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележале потрес со јачина од 5,0 степени.
„Тоа е област активна во последните денови“, додаде Кук.
„Ние предупредивме за ова и реално е, по тој силен земјотрес, да очекуваме неколку земјотреси со јачина од 5 или 4 степени. Ова ќе се случува во наредните месеци и оваа серија ќе трае некое време“, изјави Кук за Н1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.