Регион
(Видео) Пленковиќ: Апелирам помошта правилно да се дистрибуира
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ даде изјава по завршувањето на состанокот на владиниот кабинет. Тој изрази жалење и сочувство до сите што изгубиле некој во земјотресот.
„Обезбедивме помош од 120 милиони куни, од кои 100 милиони за округот Сисак и 10 за округот Загреб, но тоа не е сè. Договоривме и каква помош ќе побараме, утре доаѓа комесарот задолжен за вакви ситуации. Гледам дека има голем интерес за помош, им благодарам на сите, но јас би порачал помошта да се дистрибуира правилно за да добијат помош оние на кои им е потребно“, рече Пленковиќ додавајќи дека тоа треба да се направи преку Црвениот крст.
„Ова се случи на крајот на годината, остануваме во трајно управување со кризи“, заклучи премиерот.
„Останаа само речиси 50 од 250 пациенти во болницата во Сисак. Сите други претежно се во болниците во Загреб. Не можеа да останат во тие услови. Голем придонес дадоа и војниците од касарната во Петриња. Сите тие се подготвени да прифатат луѓе што во моментот немаат покрив над главата“, рече премиерот.
Тој нагласи дека утре ќе бидат уплатени парите на сметките на окрузите.
Пленковиќ денес ги посети Петриња, Сисак, Покупско и Глина, а потоа се врати во Загреб, каде што вечерва се одржа состанок на тесниот кабинет на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

