Регион
(Видео) Поради силниот ветер, големиот пожар кај Атина повторно е надвор од контрола
Сè посилните ветрови разгореа голем пожар западно од грчката престолнина Атина и тој повторно е надвор од контрола, соопштија синоќа локалните противпожарни служби.
Во текот на вчерашниот ден од Грција пристигна вест дека пожарот е ставен под контрола откако беа засилени напорите за гаснење со дополнителни пожарникари, кои пристигнаа од Франција и Италија. Но, во вечерните часови ветерот повторно се засили и повторно пожарот се разгоре, кој трае од вторник.
The forest fire continues near the capital of greece, Athens, the images are frightening, the fire spread over a wide area, some settlements were evacuated, 46 forest fires broke out in greece in the last 24 hours, pic.twitter.com/OC2bzpiai7
— Nico (@Nico00503) July 17, 2023
Според информациите од Грција, досега изгореле околу 35 квадратни километри шумско и земјоделско земјиште, а одредени места биле евакуирани при ширење на пожарот.
Веќе претходно во Грција предупредија дека може да имаат нови проблеми со пожарот во текот на четврток и петок кога се очекува нов топлотен бран, проследен со температури над 40 Целзиусови степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

