Регион
(Видео) Протести пред градското собрание во Белград, вработените ги чуваа вратите

Претставници на опозициската Сојуз за Србија се обидоа денеска да влезат во градското собрание во Белград за да разговараат со градоначалникот Зоран Радојичиќ, но вработените во градската управа го блокираа влезот и ги спречија во намерата, при што дојде до вербален судир.
Како што пренесе агенцијата „Онаса“, на вратата на зградата застанале вработени во управата, главно жени, додека симпатизерите на опозицијата кои пристигнале пред зградата извикувале „фашисти“, „срам да ви е“ и „стоп за насилството“.
ZENE ZAPOSLENE U SKUPSTINI GRADA GURAJU OPOZICIJU!
Evo kako se ponasaju “dame”! pic.twitter.com/eE1WKJ6CfU
— Marko Dragoslavic(Operativac iz Zemuna) (@tamodaleko) April 4, 2019
Во еден момент стигнало и возилото на итната помош бидејќи им се слошило на две жени од управата.
Пред зградата немало полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.