Регион
(Видео) Пукање во Босна и Херцеговина: во пекарница пронајдени тела на маж и жена
Синоќа, две тела биле пронајдени во пекарница во Завидовиќи, пишува босански „Аваз“.
Avaz na licu mjesta: Horor u Zavidovićima, pucnjava u pekari, dvoje mrtvih! pic.twitter.com/4hG23i1ozH
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) September 24, 2023
„Во 21.17 часот полицијата во Завидовиќи добила пријава дека во улицата Златних љиљана било употребено огнено оружје. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, пронашла две безживотни тела на жена и маж“, потврдил Елведин Фишек, портпарол на полицијата во Зеничко-добојскиот кантон.
Голем број полициски службеници, по добиена пријава, излегле на терен. Тие ги испрашуваат сведоците и се обидуваат да ги утврдат сите околности на настанот.
Пред пекарницата има автомобил „мерцедес“ со подигната хауба, но не се знае дали ова возило е поврзано со несреќата. „Аваз“ неофицијално дознава дека мажот со иницијали М. Х. со ловечка пушка ја убил работничката во пекарницата А. Д..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Несреќа во Хрватска: бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.
Регион
САД: Додик е безбедносна закана
Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.
Марфи потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.
Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.
„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.
Регион
Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар
Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.
Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.
Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.
Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.