Регион
(Видео) Се шири снимка од пожарот во облакодерот „Вјесник“: се гледаат пламени и светла во движење
Полицијата во Загреб утрово објави дека уапсила едно младо лице во врска со пожарот што избувна во зградата на „Вјесник“.
Тие потврдија дека во досегашната истрага се опфатени неколку млади луѓе.
„Едно лице е уапсено и против него се води кривична истрага“, објавија тие. Додадоа дека, штом околностите дозволат, јавноста ќе добие повеќе информации.
„Водени првенствено од интересот за ефикасна кривична истрага, штом околностите дозволат, ќе доставиме дополнителни информации до јавноста“.
Снимка направена во близина на облакодер се шири на социјалните мрежи, на која се гледаат светилки што се движат на горните катови.
Пламените се јасно видливи и на самиот врв. Не е јасно кога точно се случило, ниту дали станува збор за пожарникари што веќе биле на местото на настанот или за група млади луѓе што ги истражува полицијата за пожарот.
Како што неофицијално дознава „Јутарњи“, малолетно лице контактирало со полицијата и рекло дека критичната вечер било со група помлади луѓе во зградата „Вјесник“.
Лицето рекло дека сакале да се искачат на врвот од облакодерот, но на горните катови наишле на заклучена врата и не можеле да продолжат понатаму. Во еден момент еден од младите мажи во групата почнал да пали картонски кутии, а пожарот бргу се проширил, според „Јутарњи“.
Потоа наводно лицето им кажало на полицајците дека сите избегале и ја напуштиле зградата „Вјесник“. Станува збор претежно за малолетници на возраст од 16 и 17 години кои наводно живеат во близина на „Вјесник“.
Полицијата продолжува со истрагата.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

