Регион
(Видео) Снег ја прекри Грција, температурата падна под нулата, силни ветрови на грчките острови

Студен бран ја погоди Грција за време на викендот и ги спушти температурите во Атина од 20 Целзиусови степени, како што беа во петокот, на значително под нулата денес, а во градот паѓа обилен снег, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека градските власти апелирале до граѓаните да го ограничат излегувањето само за приоритетните потреби, а главниот автопат северно од Атина е затворен поради снежни врнежи.
Автопатот Атина – Ламија ќе биде затворен 24 часа на ден, од понеделник во 19 часот и цел ден во вторник, по одлуката на Цивилната заштита поради лошите временски услови, пренесуваат грчките медиуми.
Температурите во областа Кожани во северна Грција се спуштија на минус 20 Целзиусови степени, а на грчките острови беа забележани силни ветрови, со налети што достигнуваа 118 километри на час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.