Регион
(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб, каде што напаѓач со нож повреди неколку лица
Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на медиумите, неколку лица се повредени.
Од полицијата велат дека им треба повеќе време за проверка на сите информации од терен.
На местото на настанот има многу полиција, а според очевидци, пред училиштето има најмалку шест амбулантни возила. На видеото објавено од хрватски медиум се гледа како луѓе бегаат од училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина нема да ја сменат власта во Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина дека „залудно се надеваат и нема да ја сменат власта во Србија“.
Вучиќ рече дека за утре е закажан состанок со американски претставници за енергетиката и рече дека српската страна ќе се бори за зачувување на енергетиката на Србија и секоја друга стабилност.
„Утре ќе имаме значајни разговори со нашите американски партнери од врвот на американската политика за енергетиката, а особено за санкциите против српската нафтена индустрија. Ќе се бориме за интересите на нашата земја, но во исто време и за зачувување на стабилноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на нашиот пазар и во обновата, не само опстанокот, туку и забрзаниот напредок на нашата земја – изјави Вучиќ во видео порака на Инстаграм.
Претседателот на Србија додаде дека годинава очекува раст во автомобилската индустрија.
– Сигурен сум дека со заедничка огромна енергија во сите други области од општественото живеење, од градежништвото до земјоделството, можеме да направиме огромни чекори напред. Верувам во работата, верувам во трудољубивоста на нашиот народ и сигурен сум дека заедно можеме да го постигнеме резултатот што го зацртавме, а тоа е да бидеме најуспешната или најбрзо растечката економија во Европа во 2025 година – рече Вучиќ.
– П.С. Мојата порака до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина: Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија – напиша Вучиќ.
Регион
Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина
Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот.
Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“.
Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот.
Регион
Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка
Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во Србија кај Нови Сад.
Според објавеното од тамошните медиуми, бебињата беа тешко повредени во судир на два автомобили на патот Нови Сад-Зрењанин, и беа пренесени во Детската болница во Нови Сад, но поради тежината на повредите починале.
Српската РТС јавува дека во несреќата се повредени и двајца мажи на возраст од 43 и 34 години и една жена на возраст од 34 години, и сите биле пренесени во болница. До несреќата наводно дошло кога возачот на едниот од автомобилите од засега непознати причини преминал на спротивната лента каде директно се судрил со другиот автомобил.