Регион
(Видео) Српските медиуми: Морничави симболи на ѕидовите во куќата во која беа најдени телата на децата во Нови Сад

Испливуваат нови детали за случајот со смртта на младата брачна двојка и нивните деца во Нови Сад.
Според информации што ги објавија повеќе српски медиуми, на ѕидовите во станот во кој живееле биле пронајдени египетски симболи, па постои сомневање дека младиот човек и девојката биле членови на секта, иако ваквите наводи засега не се потврдени од страна на властите.
М.П.С.(23) и Л.П.С.(25) со својата смрт ја потресоа цела Србија, откако вчера скокнаа од солитер во Нови Сад, а ден по страшната трагедија пронајдени беа безживотните тела на нивните деца, на возраст од една и три години, за кои постои сомневање дека ги убиле.
View this post on Instagram
Во моментот, пред куќата на двојката има форензичари и инспектори. Целата улица е целосно темно и владее морничава тишина, пишува „Блиц“.
Засега нема детали од официјалните лица. Увидот е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“: