Регион
(Видео) Српски експерт првин зборуваше за короната, а потоа почна и за патување низ времето

Пулмологот Бранимир Несторовиќ, член на српскиот кризен штаб за справување со коронавирусот, вчера даде голем број контроверзни изјави и теории на заговор за коронавирусот, патување низ времето и за Никола Тесла, пренесува хрватски „Индекс“.
Гостинот на програмата на Прва ТВ првин изјави дека е убеден оти нема да има втор бран на епидемија и дека вирусот нема да ги преживее летните температури.
Но, тогаш работите тргнаа во бизарна насока. Несторовиќ најпрвин го бранеше ставот на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека не треба да има задолжителна вакцинација против Ковид-19, а потоа се сврте кон Никола Тесла и патувањето низ времето.
Тој зборуваше за тајниот проект на Тесла, според кој предмети и луѓе би се испраќале во блиската иднина.
„За ова е снимен и научнофантатичен филм, но тоа не е фантастика. Бродот се викал ‘УСС елдриџ’, уништувач. Тој брод го испратиле шест часа во иднината. Експериментот не завршил добро затоа што повеќето морнари загинале. Звучи како чиста научна фантастика, но оној што е љубопитен нека впише на ‘Гугл’ – ‘УСС eлдриџ’ и ‘Тесла’. Тогаш Тесла, која бил против продолжување на овие експерименти, ги прекинал и ја уништил целата документација. Сепак, некои теории на заговор велат дека не ја уништил баш целата и дека голем дел од неа всушност завршил во рацете на вујкото на Трамп, познат физичар. Велат дека технологијата тајно се користи во Русија“, рече Несторовиќ и призна дека е обожавател на теории на заговор.
Dr Nestorović je sinoć rekao da je Tesla slao predmete u budućnost i vraćao ih nazad. Da li sam ja u svom životu i školovanju nešto propustio? pic.twitter.com/BhsANCN0gp
— Dupli Standardi (@011GDJ) April 25, 2020
Несторовиќ и претходно привлече внимание во регионот со своите изјави. За коронавирусот рече дека е најсмешниот вирус во историјата на човекот, кој постои само на „Фејсбук“. Тој исто така изјави дека жените поради естрогенот се заштитени од него и ги повика слободно да одат на шопинг во Трст. Само недела дена подоцна во Србија беше воведен полициски час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вулин до фон дер Лајен: Побрзо ќе ја прифатите Турција во ЕУ отколку Србија да ја предаде Русија

Александар Вулин, кој во минатото извршуваше голем број важни функции во Србија, ги коментираше изјавите дадени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Белград.
„Очекувам Европската Унија целосно да се усогласи со политиката на Србија, вклучително и повлекување на признавањето на таканареченото Косово, како и итно повлекување на сите одлуки што го кршат Дејтонскиот договор и ги намалуваат овластувањата на Република Српска. Госпоѓо фон дер Лајен, никој не нè праша дали сакаме да се впуштиме во авантурата за приклучување кон Европската Унија, но ви гарантирам дека ќе најдеме начин да ја прашаме Србија што мисли за продолжување на авантурата. И да не заборавам, попрво вие ќе ја примите Турција во Европската Унија отколку Србија да ја предаде Русија“, рече Вулин, пренесува „Телеграф“.
Фон дер Лајен разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград. На заедничката прес-конференција таа рече дека очекува Србија „да го започне својот пат кон Европската Унија двапати побрзо“.
„Нашите позиции се јасни и вклучуваат слобода, а не репресија, вклучително и право на мирно собирање, партнерство, а не потчинување, дипломатија, а не агресија“, нагласи фон дер Лајен, оценувајќи дека „сега е вистинското време Србија да преземе чекори кон пристапување“.
„Вреди да се вложи овој напор бидејќи се приближувате до целта. Потребно е да се забрзаат реформите во владеењето на правото, електронските медиуми, изборните закони и хармонизацијата со надворешната политика на Европската Унија“, изјави таа, истакнувајќи дека овие реформи бараат упорност, трпение, учество на сите сегменти од општеството и политичкиот спектар.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде тешка политичка зима за нас; Фон дер Лајен: Сметајте на ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се обратија на јавноста по тет-а-тет средбата во Белград и одговорија на прашања од новинарите.
„Особено ми е драго што имавме можност да бидеме домаќини на претседателката на Европската комисија. Особено сум ѝ благодарен бидејќи таа дојде на територијата на Србија во неколку наврати, не само во нејзиниот главен град. За Србија, членството во ЕУ е стратешка определба и приоритет на надворешната политика. И тоа нема да се промени. Не сме отвориле ниту едно поглавје, ниту еден кластер од почетокот на конфликтот во Украина. Верувам дека она што е направено во однос на регулаторните агенции, избирачките списоци, ќе наиде на позитивна оценка. Сега се соочуваме со тешка ситуација. НИС е под американски санкции, а де факто е и под европски санкции.
Се надевам дека ќе ги имаме поддршката и помошта од ЕУ. Се надевам дека ЕК ќе најде начин да им олесни на земјите кандидатки. Обезбедивме доволни количини нафта и гас.
„Ќе биде тешка политичка зима за нас, во овој поглед ќе соработуваме тесно со луѓе од Европската Унија“, рече Вучиќ.
„Не дадовме многу оптимистички изјави за пристапувањето кон ЕУ.“ Денес не можам ништо да ветам, освен дека ќе работиме напорно и ќе се жртвуваме и се надевам дека ќе ја имаме поддршката од ЕУ за сето ова и дека ќе нè слушнат во Брисел. Не е толку едноставно. Знаете кои се двете клучни прашања за нас“, рече Вучиќ.
Тој рече дека разговарале и за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Ќе кажам дека за танго се потребни двајца“, рече Вучиќ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека Србија може да продолжи да смета на Европската Унија.
„Србија го направи изборот да се приклучи на ЕУ и очекуваме Србија да го продолжи својот пат двојно побргу. Земете ја како пример енергетската криза во 2022 година, која имаше драстичен ефект и ние се соочивме со неа. Можете да продолжите да сметате на нас“, рече Фон дер Лајен и продолжи:
„Ја поврзуваме Србија со пазарот на енергија. Ја поканивме Србија да се приклучи на механизмот на ЕУ за набавка на гас. Треба да видиме напредок во областа на владеењето на правото, електронските медиуми. Сакам да го поздравам напредокот во врска со избирачките списоци и РЕМ. Би ве поканила да дојдете во Брисел за еден месец за да видите како стојат работите. Морам да ве пофалам за 61-процентно усогласување на надворешната политика со ЕУ. Како дел од планот за раст, формиравте надзорен комитет. Мислам дека тоа е одличен сигнал“.
На прашањето каде го гледа решението за моментната политичка ситуација во Србија, Фон дер Лајен вели:
„Ова е секако клучен момент за Србија. Време е целата нација да се обедини. ЕУ е подготвена да ве поддржи, целиот процес на пристапување е за тоа. Секој треба да учествува во процесот на реформи. Владата соработуваше со организациите на граѓанското општество. Медиумите и изборната реформа се нешто што ги интересира сите. Имплементацијата е најважна“.
Фото: принтскрин
Регион
Фон дер Лајен: Време е Србија да ги забрза чекорите кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во Белград дека сега е вистински момент Србија да преземе конкретни чекори кон членство во Европската Унија.
Таа порача дека Србија треба да покаже напредок во владеењето на правото, медиумите и изборните реформи нагласувајќи дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, мора да се зголеми.
Фон дер Лајен истакна дека ЕУ очекува Србија двојно побргу да напредува кон Унијата и дека веќе се реализираат инвестиции преку планот за раст за Западен Балкан, вредни над 100 милиони евра.
Таа го поздрави напредокот во ажурирањето на Избирачкиот список и во работата на Советот на РЕМ оценувајќи дека тоа е „добар прв чекор“.
Фон дер Лајен додаде дека овој период е прав момент за инвестиции на Западен Балкан вклучувајќи и проекти за енергетика, дигитализација и вештачка интелигенција.