Регион
(Видео) Српски експерт првин зборуваше за короната, а потоа почна и за патување низ времето
Пулмологот Бранимир Несторовиќ, член на српскиот кризен штаб за справување со коронавирусот, вчера даде голем број контроверзни изјави и теории на заговор за коронавирусот, патување низ времето и за Никола Тесла, пренесува хрватски „Индекс“.
Гостинот на програмата на Прва ТВ првин изјави дека е убеден оти нема да има втор бран на епидемија и дека вирусот нема да ги преживее летните температури.
Но, тогаш работите тргнаа во бизарна насока. Несторовиќ најпрвин го бранеше ставот на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека не треба да има задолжителна вакцинација против Ковид-19, а потоа се сврте кон Никола Тесла и патувањето низ времето.
Тој зборуваше за тајниот проект на Тесла, според кој предмети и луѓе би се испраќале во блиската иднина.
„За ова е снимен и научнофантатичен филм, но тоа не е фантастика. Бродот се викал ‘УСС елдриџ’, уништувач. Тој брод го испратиле шест часа во иднината. Експериментот не завршил добро затоа што повеќето морнари загинале. Звучи како чиста научна фантастика, но оној што е љубопитен нека впише на ‘Гугл’ – ‘УСС eлдриџ’ и ‘Тесла’. Тогаш Тесла, која бил против продолжување на овие експерименти, ги прекинал и ја уништил целата документација. Сепак, некои теории на заговор велат дека не ја уништил баш целата и дека голем дел од неа всушност завршил во рацете на вујкото на Трамп, познат физичар. Велат дека технологијата тајно се користи во Русија“, рече Несторовиќ и призна дека е обожавател на теории на заговор.
Dr Nestorović je sinoć rekao da je Tesla slao predmete u budućnost i vraćao ih nazad. Da li sam ja u svom životu i školovanju nešto propustio? pic.twitter.com/BhsANCN0gp
— Dupli Standardi (@011GDJ) April 25, 2020
Несторовиќ и претходно привлече внимание во регионот со своите изјави. За коронавирусот рече дека е најсмешниот вирус во историјата на човекот, кој постои само на „Фејсбук“. Тој исто така изјави дека жените поради естрогенот се заштитени од него и ги повика слободно да одат на шопинг во Трст. Само недела дена подоцна во Србија беше воведен полициски час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.