Регион
(Видео) Трет ден битка со пожарите во Грција, итна евакуација на населението
Трет ден како се води битка против огнената стихија во Грција. Пожарите сè уште се активни во Кинета и Калитехнополис во Атика. Во Кинета пожарите се шират на два фронта – еден кон Агиои Теодорои, а другиот кон Алепохори. Локалните власти ги советуваат жителите да ги напуштат своите домови и да се евакуираат.
#Greece #fire #fireshttps://t.co/U04VkEfD9W
— monay (@monay_48) July 25, 2018
Во моментот на терен се 176 пожарникари со 74 возила, а во спасувачката акција учествуваат и 37 планинари, авиони и хеликоптери. Во гаснењето на пожарот во Калитехнополис учествуваат 196 пожарникари со 96 возила, десет машини за гаснење пожари, пет воени машини и хеликоптер.
Scenes of desperate sadness as Greece deals with fires #HeartNews https://t.co/fyQtaqzcss pic.twitter.com/VL6CVdQJuH
— Heart Scotland News (@HeartScotNews) July 25, 2018
Во пожарите што ја зафатија источна Атика во предградието на Атина изминативе два дена загинаа 74 лица, а стотици се водат за исчезнати.
Horrible and shocking: fires in Greece taking lives of 60 people (more?) All this happens so close to home, it seems surreal. Worried about my family in #Rafina 🙁 #Greecefires pic.twitter.com/PiQ5GxKzAF
— Zhenya (@evgenia_fili) July 24, 2018
Вкупниот број повредени е 164 возрасни лица и 23 деца. Истрагата за пронаоѓање на исчезнатите ја води група од 130 луѓе од армијата и противпожарната единица, кои патролираат пеш во областите Вуца, Мати и Рафина. Со оглед на тоа дека голем дел од пронајдените тела се јагленисани, тешко оди идентификацијата на жртвите, а со тоа не се знае дали лицата по кои се трага се живи или не.
Врховниот суд на Грција нареди итна истрага за пожарите во Грција, во кои загинаа десетици луѓе. Според властите, пожари паралелно избувнаа во три региони, што не може да биде случајно. Постојат сомневања дека тие се подметнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

