Контакт

Регион

(Видео) Увид на местото на сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Објавено пред

Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат српските медиуми, автопатот бил блокиран цели пет часа по незгодата.

До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.

Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродром. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач.

Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.

Несреќата се случила околу 6:50 часот наутро, во Верл на автопатот А2. Автомобилот во кој се наоѓал Шаулиќ се движел во правец на Дортмунд.

Регион

Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Објавено пред

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.

dobivaj vesti na viber

„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.

Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.

На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Нема да се предадам доброволно, набргу сѐ ќе изгледа како распадот на Југославија

Објавено пред

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кому Обвинителството на БиХ му издаде налог за апсење на распит затоа што не одговорил на судските покани, зборуваше денеска на прес-конференција во Бања Лука.

dobivaj vesti na viber

Тој најави дека набргу ќе има средба на високо ниво во Русија и дека ќе побара од нив да стават вето на присуството на ЕУФОР во БиХ, иако нема ништо против тоа.

Тој му порача на генералот на ЕУФОР да се држи до својот мандат и се закани дека Србите не се подготвени да ги толерираат окупаторите.

„Овој Романец, кој се обидува да лажира нешто, е класична окупација“, рече тој мислејќи на командантот на ЕУФОР. Тој исто така рече дека ќе ја прогласи ОХР за криминална организација.

Тој не одговори на прашањето што би направил доколку по него биде распишана меѓународна потерница од Интерпол, туку го нападна новинарот дека не поставил прецизно прашање.

„Што се однесува до мене, ова е свечен ден. За роденден го добив ова како честитка од Сараево, каде што прават харанга против РС. Ние тројца сме шефови на најважните тела во РС. Овде пишува дека сме итно потребни, како да сме Ал каеда. Денеска овде е свечен ден бидејќи се работи за поведување процедура за промена на Уставот. Утврдуваме нацрт, секој има право да предложи нацрт и ќе го финализираме на јавна расправа. Ги повикуваме сите да се приклучат на јавната дебата, која треба да произведе финален документ“, рече тој.

Тој рече дека новиот текст на Уставот на РС не може да биде спротивен на Уставот на БиХ, туку е во согласност со Уставот на БиХ.

Додик потоа ги навреди обвинителите на Обвинителството на БиХ, кои го водат случајот против него, Вишковиќ и Стевандиќ нарекувајќи ги „заеднички муслимански проект“.

„Она што го прави проектот ‘Обединети муслимани’, во врска со обвинителот што ја потпиша оваа наредба, е да ги уништи РС и уставниот поредок на БиХ бидејќи Уставот на БиХ вели дека само Парламентарното собрание може да донесува закони. Ниту еден странски, легален или особено нелегален висок претставник“.

Коментирајќи ја наредбата да го приведат на распит, рече дека тоа за него е „безвредна работа“.

„Не постои закон во кој се направени прекршоците што се обидуваат да ги направат против нас. Не сакаме да учествуваме во тоа, тие кршат сѐ. Ќе видиме каква ќе биде фактичката состојба на крајот. Нема потреба да вознемирувате никого овде. Ние сме решени, а вознемирена е некоја секта што дејствува во Бања Лука“, рече тој коментирајќи ги опозициските политички партии, кои се против потезите на владејачката структура предводена од Додик.

Тој рече дека стапил во сила законот за контрола на невладиниот сектор и најави ново специјално обвинителство.

„РСНА денеска ќе донесе посебен закон за воведување нови институции, специјално обвинителство и суд за заштита на редот, со јасно прецизирани одредби од тој закон, со некои други одредби преку анекси.

Тој вели дека нема да бега никаде.

„Нема удар или мака што не сум подготвен да ги издржам за РС. Додик ќе работи, ќе патува, но никогаш нема да ја напуштам РС. Ако некој мисли дека сме кукавици, тој е во голема грешка. Ние не сме конвертити како оние во Сараево и некои во Бања Лука. Мора да разберете дека не сме исти. Не очекувам некој да го жртвува својот живот за да ме одбрани. РС нема аспирации, повикавме на дијалог и тоа беше исмејувано. Можеби сè уште не е време да кажам дека нема да разговарам со нив, а потоа ќе бидеме во неволја“.

Тој изјави дека политичката ситуација за неколку месеци ќе изгледа како распадот на Југославија.

Тој ја повтори приказната за потребата од разговори исклучиво меѓу домашните лидери по пресудата што му беше изречена.

„Не ја сакавме оваа ескалација, но принудени сме“, рече Додик.

Тој рече дека верува оти СИПА нема да работи во РС бидејќи, според него, нејзината работа е забранета.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Министерот за внатрешни работи на Република Српска: Никој нема да биде уапсен

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Република Српска (РС), Синиша Каран, денеска изјави дека главната задача на МУП на РС е да го заштити уставниот поредок нагласувајќи дека никој нема да биде уапсен.

dobivaj vesti na viber

„Задачата на МУП е да ги заштити уставниот поредок, неговите уставни институции, претставниците на сите институции и сите нејзини граѓани. Таа задача ќе биде исполнета до крај“, изјави Каран за Алтернативната телевизија Бања Лука (ATV).

Тој додаде дека Националното собрание на РС усвои закони, кои ја претставуваат рамката на МУП на РС.

„Во овие закони стои дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Високиот судски и обвинителски совет се противуставни институции и им е забрането да работат на територијата на РС. Ова е рамката на дејствувањето на МУП“, рече Каран.

Според него, овие институции „не може, нема и не смее да работат на територијата на РС“.

Никој нема да биде уапсен и сите ќе бидат заштитени“, заклучил Каран.

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде наредба за приведување на Додик, на премиерот на РС, Радован Вишковиќ, и на претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, со цел да бидат сослушани поради сомнение дека сториле кривично дело напаѓање на уставниот поредок.

Правосудната полиција на Босна и Херцеговина издала наредба до Министерството за внатрешни работи на РС и Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина да помогнат во апсењето на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа2 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет2 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува Ројтерс

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа3 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој и постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија12 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија18 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија18 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија19 часа

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија20 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија21 час

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија22 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет22 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа23 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет24 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија1 ден

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа1 ден

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет1 ден

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа1 ден

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...