Регион
(Видео) Фламингата во Албанија привлекуваат сѐ повеќе туристи

Албанските лагуни Караваста, Нарта, а сѐ почесто и Куна Вејн, се полни со фламинга поради што бројот на посетители на овие крајбрежни места е зголемен, пишува агенцијата АТА.
Лагуната Нарта е позната и со името Куќа за фламингата поради нејзината географска локација и длабочина на водата, соопшти агенцијата.
Разиграните фламинга претставуваат природен спектакл за локалните и странските туристи, а благодарение на забраната за лов, фауната во оваа област станува сè побогата.
Албанскиот министер за туризам и животна средина, Бленди Клоси, на „Фејсбук“ објави снимка од фламинга во Звернец и додаде дека тие се дополнителна атракција за туристите што сакаат да набљудуваат птици.
„Ефектите од мораториумот, кои се потврдуваат и со растечките бројки според последните записи за птици, ги трансформираат албанските мочуришта во туристички дестинации со богатата фауна и прекрасната природа“, истакнува Клоси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.