Регион
(Видео) Хаос на протест во Црна Гора – автомобил во кој била ќерката на премиерот покоси демонстранти
Службен владин автомобил турнал и повредил демонстранти во близина на Богетиќи во Црна Гора, се гледа на кратко видео направено од порталот „Антена М“.
Премиерот Здравко Кривокапиќ потврди дека во возилото се наоѓала ќерка му, инаку заштитено лице во таа ситуација.
„Како татко нема да ги заборавам нејзините солзи и стравот. Како премиер нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие! Во земјата ќе има ред и закон на кој не сте навикнати. Ќе го видите тоа набргу“, најавил премиерот непосредно по инцидентот, а откога многу Црногорци излегоа на улиците во целата земја.
Демонстрантите се револтирани од одлуката на владата за промена на одлуката за критериуми за стекнување црногорско државјанство со прием и Законот за регистар на престојувалиштата и живеалиштата.
Опозициските приврзаници ја обвинуваат владејачката партија дека се обидува значително да ги промени избирачките списоци токму преку промената на регулативите за државјанство, престојувалиште и живеалиште, а тоа, како што велат, би ги загрозило темелите на суверена и независна Црна Гора.
Според нивните процени, околу 40.000 црногорски граѓани во дијаспората ќе го загубат правото на глас, а околу 35.000 луѓе од Србија, Русија и од Босна и Херцеговина ќе го добијат тоа доколку се реализираат ваквите замисли.
Ова беше причина за масовни протести и блокади на патиштата во Црна Гора. Кривокапиќ го обвинува претседателот Мило Ѓукановиќ дека стои зад ваквите нереди, а тој ги нарече инсинуациите на премиерот крајно неморални.
Управата на црногорската полиција објави дека ги утврдува околностите под кои се случил инцидентот на магистралниот пат Никшиќ – Подгорица кај местото Богетиќи.
Според порталот РТЦГ, инцидентот се случил кога владино службено возило „мерцедес“, со регистарски ознаки ПГ-ЦГ-301, наводно поминало низ насобраните граѓани, кои се движеле кон Подгорица, за да присуствуваат на протестот пред зградата на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

