Регион
(Видео) Хаос на судењето за масакрот кај Младеновац, родителите го нападнаа убиецот: „Ни ги уби децата!“

Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац, Србија, го нападнаа масовниот убиец Урош Блажиќ веднаш штом беше внесен во судницата по што итно беше изнесен.
Како што пренесоа српските медиуми, набргу по внесувањето на Блажиќ низ вратата на судницата, се слушнале извици, а потоа родителите физички тргнале кон обвинетиот поради што полицијата морала да реагира.
Обезбедувањето мораше да ги задржи родителите, кои низ солзи викаа: „Ни ги уби децата!“, „Пукаше во моите ќерка и син“.
Видно вознемирени, на крајот родителите беа отстранети од судницата, пренесуваат српските медиуми.
Урош Блажиќ на 4 мај минатата година, во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубона кај Младеновац, пукајќи со автоматска пушка и пиштол, уби девет млади лица, од кои двајца малолетници, и се обиде да убие уште 20 лица, од кои рани 12.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.