Регион
(Видео) Шест лица загинаа, повеќе од 30 се повредени во верижен судир на автопатот Белград-Ниш
Во верижен судир на автопатот Белград-Ниш, во близина на Јагодина, шест лица ги загубија своите животи, а како што дознаваат српските медиуми, повеќе од 30 лица се повредени.
„Сè е блокирано, па дури и патот до болницата“, пишува „Б92“. Видео од несреќата објави и РТС.
Како што е наведено во соопштението од српското Министерство за внатрешни работи, околу 7 часот и 20 минути дошло до судир во двете насоки на автопатот. Во судирот биле вклучени повеќе возила и според претходните информации што биле објавени, животот го загубиле шест лица.
Некои од поврдените се пренесени во болницата во Јагодина, а други се однесени во околните болници. Амбулантни возила едвај пристигнуваат до болниците бидејќи двете насоки од автопатот се блокирани, а блокирани биле, како што пишуваат спрските медиуми, и околните сообраќајници бидејќи сообраќајот се пренасочувал по други улици.
Како што соопшти српското МВР, во тек е увид на местото на несреќата, а несреќата најверојатно се должи на слабата видливост предизвикана од магла.
На местото на несреќата има и членови на Управата за сообраќајна полиција и Секторот за вонредни состојби, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата кои се затворени. Заради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на само 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети кои може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“, заедно со илустрација на црвена рака на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ се уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.