Регион
„Видовме спуштени ролетни, а потоа дојде полицијата“ – соседите со неверување по ужасот во Нови Сад

Младиот Љ.П.С.(25) и неговата сопруга М.П.С.(23) синоќа скокнале од 17. кат од зграда во Петроварадин откако, според информаците на српските медиуми, си ги убиле синовите – момчиња на возраст од една и три години.
Момчињата биле пронајдени мртви во куќата во која живеел парот, вечерва околу 17 часот, а полицијата во моментот врши увид.
Соседите на семејството за „Блиц“ велат дека се шокирани од трагичниот настан во семејниот дом на нивните соседи.
„Ништо не слушнавме, ниту видовме. Во приземјето на таа куќа живеело уште едно семејство. Немаме поим што се случило. Сите забележавме дека ролетните беа спуштени. Што се случило дознавме дури кога дојде полиција. Слушнавме дека жената е од Словачка, а тој е од Врање. Не се дружевме и комунициравме многу. Мажот работеше, а жената најверојатно ја напуштила работата по породувањето. Не ги слушнавме како се расправаат, ниту кога ги убиле децата“, раскажуваат соседите.
Како што додаваат, младиот маж и неговата сопруга се обидувале да влезат во зградата од која синоќа се фрлиле во смрт.
„Некој неколку вечери постојано ѕвонеше на домофонот, па сите се сомневаат дека тоа се тие. Кога влегле внатре ја скршиле стаклената врата за да излезат на покривот“, раскажуваат соседите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“: