Регион
Владата на Мицотакис го преживеа гласањето доверба предложено поради снегот
Грчката конзервативна влада предводена од премиерот Киријакос Мицотакис го преживеа гласањето доверба свикано во неделата за да се реши хаосот предизвикан од снежното невреме.
По тридневна дебата, 156 од 300 пратеници го поддржаа Микотакис, објави претседателството на парламентот.
Гласањето го побара Алексис Ципрас, лидер на екстремно левичарската партија СИРИЗА. Дискусијата се фокусира на обилните снежни врнежи што го зафатија главниот град Атина на 24 јануари и во следните три дена.
„Иако метеоролозите предвидуваа снежни врнежи, владата не успеа да ги заштити луѓето“, тврди Ципрас.
За време на снежните врнежи, на повеќе места имаше прекини на електрична енергија, а илјадници луѓе останаа заробени во своите автомобили на автопатите и другите главни патишта.
Мицотакис се извини и вети дека подобро ќе ја организира цивилната заштита во иднина, а за време на дебатата го обвини Ципрас за популизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.
Регион
Втор круг претседателски избори во Хрватска
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.
Регион
„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање
Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.
Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.
„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.
Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.
„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.
Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.
Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.
Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.
Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.