Регион
Влахутин до Албанија: ЕУ очекува да се пресметате со „големите риби“ пред јуни
Албанија треба да се пресмета со носителите на криминалот и корупцијата пред да почне со преговори за членство во ЕУ. Оваа оценка ја изнесе амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин. Таа во интервју за албанската национална телевизија –ТВШ рече дека ЕУ очекува апсење на „големите риби“ пред јуни. Во интервјуто Влахутин додаде дека Европската Унија бара конкретни резултати од Тирана.
Албанските медиуми оценуваат дека по добиената препорака за преговори за членство во ЕУ, официјална Тирана неоходно е да почне со пресметка со организаторите на криминалот и корупцијата. Аналитичарите во медиумите тврдат дека нив ги има во редовите на власта и опозицијата. Истите извори наведуваат дека вербална и политичка пресметка на власта и опозицијата со посочување конкретни имиња за замешаност во корпуција и криминал говори дека САД и ЕУ бараат од Тирана пресметка со главните носители на антизаконските активности во земјата.
Владата на Еди Рама презеде активности за спроведување на т.н. „ветинг“ во судството и полицијата, што значи пресметка со лицата кои се замешани во криминал и корупцијата, а наскоро најави и пресметка со лицата кои се ангажирани во политиката. Медиумите, покрај другото, пренесуваат дека во корупција и криминал се замешани и премиери и министри на сите досегашни влади на Албанија .
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

