Регион
Влез и излез од Бањска е дозволен од медицински причини

На жителите на Бањска им е дозволено да го напуштат селото или да влезат во селото во случај некому да му биде потребна медицинска помош, да примаат инјекции, да купуваат лекови и слични потреби, изјави заменик-командантот на косовската полиција од северниот регион, Ветон Елшани, за KoSSev.
Елшани синоќа изјавил дека жителите на ова село треба да се јават кај полициските службеници.
„Во тој случај полициските службеници ќе го прашаат граѓанинот каде оди и поради која причина. Не е точно дека никого не пуштаме, но постапката се прави случај до случај“, рече Елшани.
Според него, состојбата во село Бањска е мирна, но полициската акција сè уште се спроведува, односно се вршат детален увид и истрага во целото село. Тој најави и дека спроведувањето на активностите како дел од оваа операција ќе продолжи и денеска.
„Најдовме минофрлачи во куќа, најдовме многу работи, како да е касарна“, додаде Елишани.
Според косовската полиција, во неделата биле убиени најмалку тројца наводни напаѓачи, односно биле пронајдени нивните тела, а уште двајца се уапсени, од кои еден е ранет. Истовремено, уапсени се уште четири лица, кои се поврзани со оваа група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот 192.рс, инцидентот започнал кога гостинка на свадбата, од причини кои засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот, обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набрзо се проширил и на другите гости.
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, додека некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, е примена и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин