Регион
Влошување на здравствената ситуација во Грција, вирусот се шири меѓу младите

Портпаролката на грчката влада, Аристотелија Пелони, изјави дека епидемиолошката состојба во Грција е влошена.
„Во последните десет дена има зголемување на случаите и драстичен пад на просечната возраст на нашите сограѓани заразени од вирусот – на 27 години. Во јужните области на Атина, каде што е утврдена особено висока стапка на заразени луѓе, околу 66 проценти од случаите се на возраст од 15 до 24 години“, рече Пелони на прес-конференција, а пренесе грчката агенција АНА.
Утврдено е, како што додаде таа, дека инфекцијата на лица помлади од 30 години е поврзана со местата за забава, поради што, како што истакна, ќе бидат применети построги мерки во рестораните, баровите и во ноќните клубови.
„Целта за следниот период е да ги убедиме оние што сè уште се сомневаат во безбедноста и ефикасноста на вакцините да ја искористат привилегијата за вакцинирање“, рече Пелони.
Портпаролката посочи дека Грција е во нова фаза на пандемијата.
„Во нашите раце имаме штит што го немавме во претходната фаза – тоа е вакцината до која сите граѓани имаат универзален, бесплатен и директен пристап. Вакцините се ефикасни, тие дејствуваат и нè штитат. Оние што сè уште не го сториле тоа, треба веднаш да се вакцинираат“, рече Пелони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.