Регион
Внуката на Тито објави фотографии од 80-тиот роденден на Мишо Броз
Внуката на поранешниот претседател Јосип Броз Тито, Александра Саша Броз, на својот фејсбук-профил објави фотографии со својот татко, инаку син на Тито.
Александар Мишо Броз денес наполни 80 години, а роденденот го прослави со семејството во Загреб.
На фотографиите, освен Саша и нејзиниот татко и мајка ѝ Мира, се и братот Андреј и внуците на Миша.
„Каков човек… мојот татко“, напиша Саша Броз со фотографии од прославата.
Тито го доби синот Александар со својата трета сопруга Херта Хас, која воедно беше и неговата прва невенчана сопруга. Нивниот брак траеше до почетокот на Втората светска војна во 1941 година кога Тито го напушти Загреб и се пресели во Белград. Херта остана во Загреб, каде што што набргу се породи и го роди синот Александар Мишо.
Мишо е петто дете на Тито, но пред него преживеало само едно дете, од бракот со неговата прва сопруга.
По ослободувањето на Југославија, Мишо живеел во Белград, во непосредна близина на својот татко, тогашниот маршал и претседател на владата на ФНР Југославија. Основно и средно училиште завршил во Белград, а потоа заминал во Загреб, каде што завршил Правен факултет. По осамостојувањето на Република Хрватска во 1991 година, по предлог на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, тој преминал во Министерството за надворешни работи, каде што првин бил советник на министерот, а потоа и овластен министер во хрватската амбасада во Русија и Египет. Неговата последна должност била амбасадор во Индонезија до 2009 година.
Неговата ќерка и внука на Тито, Саша, е хрватски театарски режисер. Таа одела во балетско училиште во Москва, но по повредата на стапалото, се вратила во Хрватска, каде што се преориентирала на театарска режија. Својата режисерска кариера ја почнала во втората година од студиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

