Регион
(Вознемирувачко видео) Брутални сцени на насилство го згрозија регионот
Ужасна видеоснимка на насилство врз животните се прошири во текот на викендот преку социјалните мрежи и ги згрози интернет-корисниците низ целиот регион.
Како што соопшти Радио Сараево, видеоснимката е создадена во Босанска Дубица, а на неа се гледа како една мајка, наводно медицинска сестра А. Л., пред очите на своето дете, обесила едно куче-скитник. Видеото е објавено фејсбук-профилот на Д.А.
Lazic Ana je juce oko 17 : 00 ubila ni krivu ni duznu kuju u nasem vocnjaku pred ocima svog djeteta. U video mozete…
Gepostet von Dragan Arsenic am Sonntag, 31. März 2019
Според него, видеото е создадено во неделата околу 17 часот.
„А. Л. вчера околу 17 часот уби ни виновна ни должна кучка во нашиот овоштарник пред очите на своето дете. Во ова видео можете да видите дека тоа не е самоодбрана од куче, туку таа ја повика со храна и ѝ врза јаже околу вратот, ја довлече до оградата, а потоа ја врза кучката висока на ограда и ѝ го стегна јажето да се удави.
Кучето не лаело ниту покажувало каква било форма на насилство, но јас навистина се чудам како некој има срце да убие животно вака ладнокрвно пред очите на своето дете”, напиша тој на својот фејсбук-профил, поставувајќи видео.
Како што емитуваше Радио Сараево, многу граѓани на БиХ беа шокирани со видеото, а некои се прашуваа „драги луѓе, каде ние живееме”.
Полицијата веднаш заминала на местото каде што е убиено кучето и против жената е поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

