Регион
Воз излета од шини во Словенија, две лица повредени

Две лица се повредени кога воз излетал од шините кај Ново Место во Словенија.
Несреќата се случила во вторникот околу 21.30 часот кога возот налетал на дрвја на пругата, јавува порталот 24УР.
Според информациите, во несреќата учествувале девет лица, но двајца се повредени.
V torek zvečer se je zaradi podrtega drevja na železniški progi Metlika–Ljubljana v občini Novo mesto iztiril vlak. Po podatkih Slovenskih železnic sta bila lažje poškodovana dva potnika, po navedbah uprave za zaščito in reševanje pa trije.https://t.co/sivPAy3g4E
— 📱MMC RTV Slovenija (@rtvslo) January 18, 2023
Директорот на Противпожарната станица во Ново Место, Грегор Блажич, изјави дека сите повредени со возило на брзата помош се пренесени во болницата во Ново Место.
Во акцијата за спасување имало седум професионални и 21 пожарникар доброволец, а истражител на железнички несреќи од Службата за истражување воздушни, поморски и железнички несреќи и инциденти на Министерството за инфраструктура, кој е одговорен за утврдување на причините за несреќата, пристигнал на местото на настанот, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.