Регион
Во БиХ речиси 300 новозаразени од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 292 нови случаја на зараза со Ковид-19 и девет смртни случаи.
Од тој број, 235 се новозаразени во Федерацијата БиХ, каде што се евидентирани вкупно 17 смртни случаи, седум во изминатите 24 часа и 10 последователно запишани кои починаа во изминатата недела.
Во Република Српска се регистрирани 57 новозаразени и два смртни случаја, а еден новозаразен е регистриран во областа Брчко.
Во Федерацијата БиХ се тестирани 1.733 примероци, а регистрирани се нови случаи на инфекција во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Босанско-подринскиот и во Посавскиот Кантон.
Досега се тестирани вкупно 138.296 примероци во Федерацијата, а SARS-CoV-2 е потврден кај 15.285 лица.
Во моментот има 3.767 позитивни случаи на САРС-CoV-2 во Федерацијата.
Пријавени се 17 нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.
Седум пациенти починаа во изминатите 24 часа, а 10 последователно примени пациенти починаа во изминатата недела.
Вкупниот број смртни случаи во Федерацијата БиХ е 426, и тоа 281 маж и 145 жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин