Регион
Во Брисел продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина
Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, вели дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, ќе продолжат да работат на сеопфатна нормализација на односите и постигнување правно-обврзувачки договор.
„ Преговорите, кои веќе беа доста интензивирани и во последниве неколку недели и месеци, ќе продолжат nа највисоко ниво“, изјави Коцијанчич вчера во пресрет на денешните разговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Објавени резултатите од пописот во Црна Гора
Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци – 41,12 отсто (256.436). По нив следат Србите со 32,93 отсто (205.370), додека 9,45 отсто од граѓаните (58.956) се изјасниле како Бошњаци.
4,97 отсто од граѓаните (30.978) се изјасниле како Албанци, 2,06 отсто (12.824) како Руси, а 1,63 отсто (10.162) како муслимани.
Пописниот процес беше спроведен од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше неколкукратно пролонгиран поради барањата на опозицијата и советите на помалкубројните народи да исполнат одредени услови за негово спроведување.
Според прелиминарните резултати од пописот, во Црна Гора живеат 623.158 жители, што е за два отсто повеќе од 2011 година.
Според пописот од 2011 година, Црногорците биле, исто така најмногубројни. На тој попис 0,33 отсто од граѓаните се изјасниле како Срби-Црногорци (2.103), како Египќани исто така 0,33 отсто (2.054), а како Црногорци-Срби 0,29 отсто (1.833).
Кога ќе се споредат резултатите од пописот одржан минатата година и оној од 2011 година, може да се види дека има 22.429 помалку Црногорци и 27.260 повеќе Срби.
Споредбата покажува и дека бројот на Бошњаците се зголемил за 5.351, Албанците за 539, а Русите од 946 на дури 12.824.
Бројот на оние кои национално се декларирале како муслимани е преполовен, односно е помал за 10.375.
Регион
Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина
Слаб земјотрес утрово во 4 часот и 51 минути ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот бил на 37 километри од Бања Лука.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 1 min 9 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/VfZOt05MdM— EMSC (@LastQuake) October 15, 2024
Земјотресот бил со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.
Регион
Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија
Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти унгарското претседателство со ЕУ.
Во Луксембург денеска ќе се одржи втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија (ЕУ), на која ќе бидат отворени преговорите.
Кластерот 1 опфаќа фундаментални реформи и го отвора патот за почеток на преговори за поглавјата од другите кластери.
Првиот кластер, наречен „фундаментални прашања“, ја претставува најважната област имајќи предвид дека содржи поглавја поврзани со демократските институции, владеењето на правото, судството, политичките и економските критериуми, реформата на јавната администрација, јавните набавки, финансиската контрола и статистиката.
По воведувањето на ревидираната методологија за пристапни преговори во 2020 година, поглавјата од преговорите беа поделени во шест тематски групи, односно кластери, и тоа: фундаментални прашања, внатрешен пазар, конкурентност и инклузивен раст, зелена програма и одржливо поврзување, ресурси, земјоделство и кохезија и надворешните односи.
Албанија аплицираше за членство во ЕУ во април 2009 година и доби статус на кандидат во јуни 2014 година. Во јули 2022 година, ЕУ ја организираше првата меѓувладина конференција со Албанија.
Македонија која изминатите неколку години заедно со Албанија се движеше на патот кон ЕУ, останува во чекалната поради неисполнетиот услов за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, на којшто се согласи претходната власт.