Регион
Во Бугарија рекорден број заразени и починати од коронавирус

Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирана популација во ЕУ, објави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус.
Во последните 24 часа во Бугарија од коронавирус се заразиле 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци таму. Досега од Ковид-19, во земјата, која има околу 7 милиони жители, починале 23.316 лица.
Бугарија воведе задолжителни здравствени сертификати за повеќето затворени јавни места поради ширењето на заразата и слабата покриеност со вакцинација. Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември.
Здравствените власти предупредија дека ако новиот бран на зараза не забави, ограничувањата би можеле да бидат уште поголеми бидејќи болничкиот систем сè потешко се справува со толку многу пациенти.
Во моментовт има повеќе од 7.100 лица на болничките одделенија за Ковид-19, од кои 608 се на одделенијата за интензивна нега. Според податоците, повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани.
Бројот на вакцинирани почна да се зголемува од минатиот четврток кога властите го ограничија влезот на многу јавни места. Само оние што се вакцинирани, имаат негативен тест или прележале Ковид-19 може да влезат во рестораните, кината и во спортските сали.
Хрватски „Индекс“ пишува дека како главни причини за скептицизам кон вакцината се сметаат недовербата на граѓаните кон државата и контрадикторните пораки од политичарите и експертите. Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, а просекот во ЕУ е 74 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.