Регион
„Во бугарскиот парламент има ново мнозинство“ – опозицијата го разреши собранискиот спикер

Пратениците во бугарскиот парламент го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на бугарското Собрание.
За гласаа 125 пратеници, против 113, а воздржан беше еден пратеник.
Барањето за негово разрешување беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.
„Барањето за мое разрешување е со иста позадина како и барањето за гласање за недоверба на Владата следната недела. Во пленарната седница има ново мнозинство“, рче Минчев.
Според него, новоформираното мнозинство не само што не носи промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.
„Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да збришат сега сакаат мене да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов јас“, рече Никола Минчев.
Никола Минчев е дел од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“, на предлог на актуелниот премиер Кирил Петков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин