Регион
Во Република Српска се затвораат сите угостителски објекти, наставата за сите ќе биде онлајн

Во Република Српска сите угостителски и други услужни објекти ќе бидат затворени во следните седум дена, а сите ученици од денеска ќе се префрлат на часови преку интернет, одлучи штабот за вонредни состојби.
Покрај работата на угостителските објекти, забрането е и вршење услужни активности, како фризерски и козметички салони, скијачки центри, трговски центри, базени, велнес-центри, културни институции – театри, кина, музеи, галерии, пренесуваат медиумите од Бања Лука.
Затворањето не се однесува на пазарите и продавниците што продаваат бела техника и опрема, градежни материјали, продавници за мебел, освен ако не се наоѓаат во трговски центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ќе разговарам со Путин утре

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека утре во 12 часот ќе разговара со рускиот претседател, Владимир Путин.
Како што рече, двајцата ќе зборуваат за билатералните односи меѓу Србија и Русија. Инаку, Путин вчера му испратил честитка на Вучиќ по повод неговиот 55. роденден.
„Почитуван господине претседателе, ве молам примете ги моите срдечни честитки по повод вашиот 55-ти роденден. Искрено Ви посакувам многу здравје, среќа, просперитет и успех во државните должности за добробит на братскиот народ на Србија“, се вели во честитката.
Регион
Пожар во центарот на Белград, евакуирани жители од зграда: пламен предизвикан од канабис

Пожарот утринава избувна во центарот на Белград најверојатно предизвикан од канабис кој се запалил во кафеаната „Социјален канабис клуб“.
Според граѓаните, пожарот најпрвин избувнал во кафеаната, а виделе како горат експонати од канабис. Пожарот потоа се проширил на зградата.
„Видовме како пламенот проголта се, експонатите гореа внатре, не знам дали од таму почна, или нешто друго се запали и тоа само помогна да се прошири побрзо. Се разбира, беше страшно“, сведочи граѓанин, кој сакаше да остане анонимен.
Жителите на зградата веднаш биле евакуирани, а три противпожарни екипи во рекордно време пристигнале на лице место и спречиле пожарот да се прошири на становите. Нема повредени, а противпожарните екипи се уште дежураат на местото на настанот.
Регион
Јуриќ: Бевме на праг да не ја пронајдеме Дуња, некој мора да сноси одговорност и да утврди како исчезна детето

Дуња Марковиќ од Уб беше пронајдена жива и здрава по потрагата што ја држеше цела Србија во неизвесност, но нејзиното враќање дома го отвори прашањето за одговорноста за случајот и почна истрага за околностите на нејзиното исчезнување. Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакна дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња.
Цела Србија нервозно ја следеше потрагата по Дуња Марковиќ, па пристигна вест, која ги израдува сите – девојчето е пронајдено живо и здраво. Сепак, и покрај олеснувањето од пронаоѓањето на девојчето, се поставува прашањето, велат надлежните, за одговорноста за овој случај.
Во врска со исчезнувањето на Дуња Марковиќ, Обвинителството во Уб, надлежната полициска станица и Центарот за социјална работа вршат проверки и прибираат информации за околностите на семејните односи во семејството на малолетното девојче, изјавиле од Основното јавно обвинителство за српксите медиуми.
Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакнува дека исчезнатото девојче Дуња Марковиќ имало голема среќа што било пронајдена живо и дека овој случај требало да послужи како сериозно предупредување.
„Мораме да бидеме свесни дека ова девојче преживеало со чиста среќа. Бевме буквално на чекор да не ја најдеме“, изјави Игор Јуриќ и додаде дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња Марковиќ.
„Некој мора да сноси одговорност за она што се случи. Треба да откриеме како едно дете може да ја напушти безбедната средина без никаков надзор и да биде доведено во опасност“, нагласи Јуриќ.