Регион
Во Словенија 1.784 новозаразени, починаа 61 лице

Во Словенија во последните 24 часа беа потврдени 1.784 нови инфекции со коронавирус, а 61 лице починаа, соопшти денеска словенечката влада, најавувајќи дека тековните мерки ќе останат на сила и следната недела.
Како што рече владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција, во последните 24 часа биле тестирани 6.853 лица и биле потврдени 1.784 инфекции, што значи дека уделот на позитивите е 26,3 проценти.
„Резултатите од бројот на инфекции и состојбата во болниците се такви што сегашните ограничувачки мерки ќе останат на сила и следната недела“, рече Кацин, соопштувајќи ја одлуката на владата.
Според новите податоци, просечниот број на нови дневни инфекции во изминатите седум дена е 1.478, што значи дека не е исполнет условот за олеснување на некои ограничувања, според семафорот за отворање дефиниран од владата.
Во моментов има и 1.284 пациенти во болниците, додека првиот чекор за да се намалат ограничувањата, бара тој број да опадне под 1.200.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.