Регион
Во сообраќајка предизвикана од син на грчки милионер четири жртви (ВИДЕО)
Во тешката сообраќајна несреќа во којашто загинал и најверојатно ја предизвикал синот на еден од најголемите грчки бизнисмени, кога автомобил „порше“ со голема брзина удри во паркирана „хонда сивик“, загинаа четири лица, од кои едно е тригодишно дете, пренесуваат грчките медиуми.
Луксузниот автомобил „порше“, според написите, бил управуван од синот на сопственикот на синџирот супермаркети „Jumbo“, Апостолакис Вакакис – оргос, во кој бил со негов пријател.
Несреќата се случила во неделата доцна попладнето на националниот автопат Атина – Ламија. Според надзорните камери, возачот на „поршето“ ја загубил контролата над возилото. Автомобилот излетал со голема брзина од коловозната лента и „како ракета“ се удрил во паркираното возило, коешто од ударот било разнесено на парчиња, опишуваат медиумите. И двата автомобила потоа се запалиле.
Во инцидентот загинале 33-годишна жена со тригодишно дете, кои во моментот на несреќата бил во паркираното возило, како и возачот и совозачот во „поршето“, еден од нив изгорел, а вториот излетал низ шофершајбната и од тешките повреди загинал на самото места.
На споменатиот дел од автопатот брзината е ограничена на 120 километри на час, но според она што може да се види од снимката на надзорните камери, „поршето“ се движело со многу поголема брзина. Медиумите забележуваат дека „тоа летало со опасна брзина“,
Според порталот Proto Thema, Јоргос Вакакис пред неколку дена се вратил на одмор во Грција од САД, каде што студира. Заедно со својот другар тие имале намера да ги посетата Делфи.
Јоргос Вакакис, во Грција го нарекуваа наследник на татко си во компанијата „Jumbo“. Компанијата располага со мрежа од повеќе од 80 продавници, од кои 52 се во Грција. Профитот на корпорацијата во 2015 година изнесувал 783 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

