Регион
Во Србија две дози вакцина примиле над 2,3 милиона луѓе

Во Србија аплицирани се 4.965.448 дози вакцина против коронавирус, а двете дози ги примиле 2.305.612 лица.
Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека целосно олеснување на мерките ќе има кога ќе бидат вакцинирани 60 проценти од граѓаните.
„Стагнираме во бројот на вакцинирани и сè уште сме на 48 проценти, но сè додека не достигнеме 60 проценти, нема отстапки бидејќи се плашам дека коронавирусот ќе се врати“, рече таа.
Како што беше претходно најавено, потребно е да бидат вакцинирани уште 340.000 луѓе за да се постигне целта од 50 проценти од оние над 18 години што примиле барем една доза вакцина.
Кризниот штаб на владата на Србија и премиерката претходно истакнаа дека крајниот рок за постигнување на таа цел е 21 јуни по што мерките може да бидат олабавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.