Регион
Во Србија над 4.500 новозаразени, епидемиолозите бараат итно затворање
Во Србија и покрај зголемените ограничувања за време на викендот, бројот на нови инфекции и бројот на смртни случаи од Ковид-19 продолжи да расте и денеска, што дополнително ги засили барањата на медицинскиот дел на кризниот штаб за запирање на трендот на ширење на инфекцијата со строги мерки во траење од најмалку една недела.
Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 20 смртни случаи, а од 16.816 тестирани примероци, 4.576 биле позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство.
Зголемен е и бројот на пациенти во ковид-центрите во болниците во Србија – денеска има вкупно 4.279, од кои 189 на респиратори. Во однос на бројот на новозаразени, Белград сè уште води – 1.331, а над 300 заразени имаат Нови Сад (359) и Ниш (304).
Претходно најавената седница на кризниот штаб не е одржана до денеска попладне, а од тоа тело пристигнуваат збунувачки процени за намерите и можните одлуки за затворање најмалку седум дена.
„Седницата на кризниот штаб е одложена, тоа е вистина. Зошто е одложена, во моментот немам одговор“, рече епидемиологот и член на штабот, доктор Предраг Кон.
Проценувајќи дека епидемиолошката состојба се влошува, Кон го повтори претходното предупредување, како и барањето на медицинскиот дел од кризниот штаб дека сите активности со ризик од ширење на инфекцијата мора да бидат заклучени на најмалку една недела за да се спречи притисокот врз здравствените работници.
Во меѓувреме, политичкиот дел од кризниот штаб се двоуми обидувајќи се да воспостави рамнотежа за да овозможи што поголем дел од економијата да работи и да обезбеди прилив на пари во државниот буџет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

