Регион
Во Србија продолжува вакцинацијата на лица од регионот, гужва пред Саемот во Белград
На белградскиот Саем и во Ниш продолжува вакцинацијата на државјани од регионот, меѓу кои и од Македонија, а се вакцинираат и државјани на Србија кои имаат закажано термин, објави РТС.
Само во текот на вчерашниот ден, до полноќ, на граничниот премин Табановце излез од државата оствариле 6.106, додека влез оствариле 6183 македонски државјани, информираа од МВР.
Претседателот на Градското собрание на Белград, Никола Никодијевиќ, рече дека вчера на три контролни пункта, биле вакцинирани околу 9.600 лица, а денес се очекуваат околу 8.500 лица.
View this post on Instagram
Тој им се заблагодари на здравствените работници за ангажманот, како и на волонтерите и посочи дека и денес, со оглед на ситуацијата пред Саемот, каде што утрово има долги редици, ги чека одлична работа.
Тој наведе дека за вакцинација чекаат бизнисмени и вработени од регионот пријавени преку Српската стопанска комора, граѓани на Србија и луѓе од регионот кои се регистрирале преку е-Влада. Сите ќе бидат вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“.
„Во Белград, 439.000 луѓе примиле една доза вакцина, што е 31,18 проценти од возрасните, а имаме околу 240.000 лица кои примиле две дози, па следната недела очекуваме да ја достигнеме магичната бројка од половина милион кои ќе имаат примено една доза“, рече тој.
Српската стопанска комора обезбеди 10.000 вакцини за лица од регионот. Освен во Белград, вакцинацијата на странски државјани се одвива и во Ниш.
Директорот на Канцеларијата за Е-влада, Михаило Јовановиќ, ги повика граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.
Сите заинтересирани граѓани можат да го изразат својот интерес за вакцинација со јавување на 0800 222 334, но и преку веб-страницата Е-влада.
Доколку некој бил спречен да дојде на вакцинација и го пропуштил терминот, може да поднесе барање за нов термин со пополнување на прашалник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.